По слабата партија во Купот на Италија, Јувентус повлекува прв потег и носи прво засилување.

Станува збор за нов играч на левата бековска позиција, кој треба да го замени Алекс Сандро кој што во последно време игра во слаба форма.

Тимот од Торино не е задоволен од него, особено после финалето во Купот и поразот од Наполи, па така веќе го пикираше Емерсон Палмиери, кој по 2,5 години треба да се врати во Италија.

Емерсон му е добро познат на Маурицио Сари со кого соработуваше во Челзи, и токму тој е најголемиот „виновник“ за да се реализира овој трансфер.