Јан Вертонген и Мишел Ворм потпишаа продолженија на договорите со Тотенхем до крајот на сезоната. И двајцата имаа договори со Спарси до крајот на јуни, па решија да парафираат нови анекси за да ја завршат сезоната во својот актуелен клуб.

Во соопштението на официјалната веб-страница на клубот се вели: „Можеме да потврдиме дека дефанзивецот Јан Вертонген и голманот Мишел Ворм се договорија да ги продолжат постојните договори со клубот до крајот на сезоната 2019/20. Двата договори на играчите требаше да истечат на крајот на овој месец и ова продолжение значи дека сега ќе бидат на располагање за остатокот од тековната сезона во Премиер лигата“.

По истекот на новите договори и двајцата ќе бидат слободни фудбалери.