Екипата на Академија Пандев тукушто објави дека нивниот млад член Спасе Терзиев за прв пат потпиша професионален договор со екипата. Академија Пандев во процесот на подмладување на сениорскиот тим продолжува со потпишување на професионални договори со играчи од својата младинска школа. Спасе Терзиев игра на позицијата централен дефанзивец и е дел од тренажниот процес во сениорскиот тим веќе подолг период, а и стандарден репрезентативец на Македонија во селекцијата У-19.