Енис Барди и фудбалерите на Леванте не успеаја да освојат ниту бод на дуелот со Атлетико (М) кој го одиграа вечерва на својот стадион. Со само еден лош потег на почетокот на средбата и автоголот на Гонзалез, фудбалерите на Пако Лопез го положија оружјето пред упорните гости кои знаеја што сакаат и заминаа со трите бода.

Клучен момент на мечот беше 15. минута кога по една уфрлена топка пред домашниот гол, Гонзалез лошо реагираше и ја испрати топката во сопствениот гол, за водство на Атлетико од 1:0, што на крајот се испостави дека е и конечен резултат на средбата.

 

На вториот вечерашен дуел екипите на Ваљадолид и Хетафе одиграа нерешено, 1:1. И двата гола беа постигнати во првото полувреме.

Standings provided by Sofascore LiveScore