Победа од 2:0 за фудбалерите на Наполи во мечот од 27. коло на италијанската Серија А вечерва на гости кај Верона. Тренерот на наполитанците, Гатузо, не му даде шанса на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој цел меч го преседе на клупата за резерви.

Наполи поведе со голот на Милик во 38. минута, а по бројни пропуштени шанси за домашните, гостите во финишот само ја потврдија победата со голот на Лозано во 90. минута. Оваа победаго враќа Наполи на 6. место на табелата, додека Верона сега е на 8. место.

 

Во вториот завршен меч вечерва, Каљари се избори за важна победа на гости кај СПАЛ. Гостите погодија во судиското продолжение преку Симеоне за големи три бода.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore