Влатко Стојановски новата сезона во Лига 1 во Франција ќе ја почне со нов тренер.

Досегашниот Бернар Блакар кој што успеа да ја однесе екипата во „елитата“, по четири години си замина од клупата на Ним.

Добро е што него ќе го замени Жером Арпинон, досегашниот помошник на Блакар. Ова може да биде добро за нашиот репрезентативец, со оглед дека Арпинон е запознаен со квалитетите на Стојановски.