Томас Мение, десниот бек на репрезентацијата на Белгија и довчерашен член на ПСЖ, барем според медиумите во Германија, е нов член на Борусија Дортмунд. Се разбира дека ова е големо засилување за тимот на Лусиен Фавре на таа десна дефанзивна страна. Важно за Дортмунд е тоа што Белгијанецот доаѓа како слободен играч, значи нема да кошта ниту едно евро овој ангажман. Мение важи за еден од подобрите десни бекови во Европа, а имаше одлични настапи во дресот на “светците“ во изминатите четири сезони, инаку тој е екс играч и на Бриж.

Овој трансфер наиде на задоволство и радување во таборот на Реал Мадрид. Имено “кралевите“ сега ќе го имаат во своите редови за следната сезона феноменалниот Ашраф Хакими, кој ќе се врати на “Сантијаго Бернабе“ и ќе биде големо засилување за Реал Мадрид за следната сезона. Инаку Мароканецот играше две сезони во дресот на Дортмунд како играч на Реал Мадрид.