Само 24 пати, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го почна мечот со ист состав. Досега Французинот го водел Реал на 202 меча, а на дури 178 го менувал стартниот тим.

Оваа информација ја објави „Марка“, која напоменува дека Зидан е „крал“ кога станува збор за менување на составот. Во последните четири години колку што е на клупата на Реал (со пауза), Зи-Зу ретко не го менувал тимот, односно само 24 пати.

После враќањето на Зидан, навивачите се надеваат дека нивниот тим ќе ја освои титулата во Шпанија.

Тимот кој најмногу го почнал е: Навас, Карвахал, Пепе, Рамос, Марсело, Каземиро, Крос, Модриќ, Бејл, Роналдо, Бензема.