Франк Лампард, стратегот на Челзи, синоќа доби две засилувања за настапите во Лигата на Шампионите, односно за завршницата во август ова лето во ова натпреварување. Имено договори на по два месеци потпишале Вилијан и Педро, кои потоа ќе си одат од “Стемфорд Бриџ“. Интересно е тоа што и на двајцата договорите им истекуваат на крајот од овој месец, а и двајцата изразиле желба да останат во Челзи до крајот на оваа сезона и да му помогнат на клубот во ЛШ.

Сепак и нема многу да се наиграат, ако се знае дека веројатно ќе настапат само на еден меч, и тоа на реваншот против Баерн во рамките на 1/8 финалето. Велиме веројатно само на еден меч со оглед на тоа дека во првиот натпревар “баварците“ победија со 3:0, па така реваншот веројатно ќе биде само формалност.