Во Битола итаат што побргу да го комплетираат составот за следната сезона. Едни дојдоа, други заминаа, а трети се во најава.

Во последната категорија спаѓа и искусниот десен бек Филип Ристовски кој според последните информации е блиску да го засили Пелистер. Тој немаше клуб откако си замина од Борец минатата полусезона, и сега секако дека има огромна желба што побргу да се врати на терен.

Ристовски е поранешен македонски младински репрезентативец, играше и во странство за екипите на Јавор Ивањица и Борац Бања Лука, а тука беше дел од Металург, Силекс, Шкупи…