Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота истакна дека Лаутаро Мартинез би можел да остане во Милано, и да не го направи најавениот трансфер во Барселона.

„Јасна е работата со Лаутаро. Интер е благороден клуб, и не ги продава своите најдобри играчи, и за Мартинез е исто. Играчот не изразил желба да замине и не размислуваме за негова продажба“, рече Марота и надополни дека доколку некој ја плати клаузулата од 111 милиони евра, тогаш тимот нема да стои на патот.

Марота истакна дека има потешкотии за Санчез и Мозес за продолжување на престојот во Интер, и се очекува ФИФА и УЕФА да донесат одлука околу автоматско продолжување на договорите за позајмените играчи.