Уште еден скандал во српскиот фудбал. По голманот на Ц. Звезда Милан Борјан, кој на прославата на титулата во првенството со навивачите пееше за партизановците да јадат го*мна, вчера нешто слично направи и ексцентричниот тренер на Војводина Ненад Лалатовиќ. Откако завчера Војводина во Купот на Србија успеа, по изведувањето на пеналите, да го победи Партизан во финалето и да го освои Купот, вчера доцна попладнето во Нови Сад се одржа и прослава со фановите на тој клуб.

Па таа откако фановите го поздравија својот Лалат, кого го обожуваат, тој запеа со нив – “Ги силував гробарите, и тоа не првпат“, што наиде на делириум на стадионот во Нови Сад каде се одржуваше прославата.

Инаку Лалатовиќ во повеќе наврати посочуваше дека обожува да го победува Партизан.

И сега што да се каже – освен дека тоа е чиста фрустрација која Борјан и Лалатовиќ ја покажуваат на дело.