Нови и големи проблеми за УЕФА. Имено пред неколку денови Извршниот Комитет на УЕФА одлучи завршницата во Лигата на Шампионите да се одржи во Лисабон и тоа од 12 до 23 август, поточно во главниот град на Португалија да се одиграат четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Во тие денови на одлука Лисабон и не беше којзнае колку проблематичен во однос на пандемијата со Ковид-19, но сега, во изминатите неколку денови, коронавирусот просто „експлодира“ во Лисабон. Па затоа властите се решија да стават забрана на движење во 19 од 24 дистрикти во градот. Со оглед на тоа дека вирусот и натаму беснее ништо чудно Лисабон во наредниот период да биде целосно прогласен за “забранет град“ и биде ставен целосно во карантин.

Ова значи дека УЕФА мора по секоја цена да пронајде адекватна замена за град домаќин во наредниот период. Имено работите во Лисабон не одат на добро.