Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери донирал 1 милион долари за создавање нова фондација, како дел од иницијативите за зголемување на различностите во спортот. Формула 1 објави дека фондацијата главно ќе ги финансира практикантските работи на нови вработени и пилоти.

„Целосно признаваме дека Формула 1 треба да биде поразновидна. Кога ја поставивме нашата стратегија за подобрување на позицијата на нашиот спорт минатата година, сфативме дека сакаме да направиме повеќе“, рече Кери.

„Затоа ќе формираме работна група за да ги следиме вистинските иницијативи за зголемување на различностите во Формула 1. Сакаме да им обезбедиме на луѓето од сите средини да им дадеме најдобри шанси да работат во Формула 1, без оглед на полот, етничката припадност, сексуалноста ориентација или физичка способност“, додаде Кери.