Тиквеш и навистина не се шегува. По Столе Димовски, денеска успеа да го договори и одличниот напаѓач Симеон Христов. Станува збор за искусен прволигашки офанзивец кој има и интернационална кариера. Последен клуб на Христив му беше Влазнија од Албанија, а претходно го носеше дресот на Македонија ЃП, Борец, Пелистер, Вашаш, Вардар и уште многу други клубови. Со него нападот на стратегот Раде Цицмиловиќ и тоа како ќе биде супер засилен, секако дека од него сега “лозарите“ очекуваат многу голови, а противничките одбрани нека се чуваат од тандемот Христов – Балдовалиев, иако тука има уште неколку квалитетни напаѓачи.

Како што дознаваме, Тиквеш со Димовски и Христов не застанува, на списокот се уште најмалку уште двајца квалитетни играчи кои чекаат на договор и потпис со кавадаречкиот клуб.