Како што и беше најавено, реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион во Кавадарци во кој учествува и Фудбалската Федерација на Македонија, е во завршна фаза. Денеска почна да се поставува тревната подлога, и со тоа може да се каже дека Кавадарци, односно фудбалерите на ФК Тиквеш, ќе добијат нов, модерен, супер тревнат терен на кој ќе ги играат своите натпревари.

Тиквеш и во следната сезона ќе се натпреварува во Втората литга – Исток, и во следната сезона ќе бие жестока битка со Брегалница за влез во фудбалската елита на Македонија.