Европската куќа на фудбалот денеска го објави конечниот распоред за новата Лига на Нации. Со минимални промени, сега е официјализирано кога Македонија ќе ги игра натпреварите со Ерменија, Грузија и Естонија, кои се со нас во групата.

Македонија е во Ц сегментот во Лигата на нации, група 2.

Распоред на натпреварите за Македонија: 

5 септември, 15:00 часот: Македонија – Ерменија
8 септември, 18:00 часот:  Грузија – Македонија
11 октомври, 18:00 часот:  Естонија – Македонија
14 октомври, 20:45 часот:  Македонија – Грузија
15 ноември, 15:00 часот:  Македонија – Естонија
18 ноември, 18:00 часот:  Ерменија – Македонија

Историскиот натпревар со Косово, Македонија го игра на 8. октомври, а на 12 ноември финалето со победникот од Грузија и Белорусија.