Најскапиот голман во светот Кепа Аризабалага, веќе е извесно дека ќе ја напушти екипата на Челзи. После неколку „киксеви“ и слабата сезона, лондонскиот клуб сака да се ослободи, а се чини дека веќе се најде клуб кој сака да го ангажира.

Според последните информации, Кепа ќе се пресели на „Местаља“ во Валенсија. Валенсија сака да го откупи неговиот договор, но доколку не успее во тоа, тогаш е подготвен да испрати понуда за позајмица во следните две години, со можност за откуп на неговиот договор.

Челзи веќе се подготвува да го ангажира Андре Онана, голманот на Ајакс како негова замена.