Тимо Вернер идната сезона ќе стане дел од Челзи. Тоа е познато откако германскиот репрезентативец договори трансфер во Лондон вреден 60 милиони евра.

Многу се шпекулира за негова замена во Лајпциг, а еден од последните за кои се споменува е Патрик Шик. Интересно, Шик игра во моментов токму за Лајпциг, и тоа како позајмен од Рома, но германскиот тим посакува да му понуди перманентен договор, со оглед дека се снајде добро во Бундеслигата.

Но, проблем за тимот претствува обесштетувањето, кое Рома го бара, а тоа е 30 милиони евра. Лајпциг не е подготвен да плати толку за чешкиот фудбалер, и затоа има опција да бара позајмица на уште една сезона.