Раководството на ГФК Охрид Лихнидос не мирува. Откако со поголемиот дел од играчкиот кадар од минатата сезона ги продолжи договорите, а ангажира и нови играчи, денеска објави дека успеале да ги задржат и голманот Стефан Ташкоски, офанзивецот Шариф Реџепи и дефанзивецот Душан Новичиќ. Со сите тројца потпишани се нови договори на едногодишна соработка и од сите нив се очекува да го дадат својот придонес во битката за добар пласман на “рибарите“ во следната сезона во Втората лига- запад. Со овие тројца екипата на стратегот Драган Бочески се комплетира во однос на тие што досега играа за Охрид, сега останува да се донесе уште некое ново име како засилување.