Секое лето позајмените фудбалери имаат обврска да се вратат во матичниот клуб кој одново решава за нивната судбина. Таква е ситуацијата со србинот Марко Грујиќ кој одигра одлични две сезони во Херта, но летово повторно мора да се пријави што се вели во Ливерпул, каде што е под договор.

Последните информации се дека србинот уште еднаш ќе се обиде да се наметне кај Јирген Клоп и да остане на Енфилд но дали ќе се случи тоа останува да видиме.

„Секако дека сакаме да го задржиме Марко кај нас на уште една позајмица. Тоа е играч кој секогаш ќе биде тема во Херта. На линија сме со Ливерпул и чекаме разрепница“ – изјави спортскиот директор на Херта, Михаел Прец.