Фудбалерите на Хамбургер пропуштија голема можност да го фатат последниот воза за бараж мечот кој води во Бундеслигата, откако во последното коло на 2. Бундеслига дозволија да бидат „петардирани“ на домашен терен од екипата на Сандхаузен со 1:5. Иако сами си ја решаваа судбината, некогашните членови на елитата дозволија да бидат посрамени и со тоа да му го препуштат местото во баражот на тимот на Хајденхајм, кој исто така загуби убедливо со 3:0, но остана со бод предност пред ХСВ на третото место на табелата.

Хајденхајм за првпат во историјата добива шанса да се бори за место во елитата. Клубот кој се формираше во 2007 година со одделување од локалното спортско друштво, по петгодишен престој во втората лига, добива шанса да се бори за историско место во германската елита. Хајденхајм сега го очекува двомеч со Вердер на 7 и 11 јули од кој зависи нивниот историски пласман во Бундеслигата.