Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, се повредил за време на трката во мотокрос на регионалниот шампионат во Емилија Ромања.

Италијанецот паднал од моторот и го повредил рамото при падот, а не е исклучена и фрактура. Довициозо веднаш бил префрлен во болница на прегледи, по што ќе се знае колку долго ќе треба да паузира.

Сезоната во Мото ГП започнува за три недели и постои шанса 34-годишниот Италијанец да го загрози премиерниот настап оваа сезона. Сезоната ќе започне на двоен викенд во Херез, каде трките ќе се одвиваат на 19 и 26 јули.