Робин Кантегрел е еден од петте странци кои потпишаа за Вардар 1961 во ерата на Михајло Михајловски.

Французинот со нетрпение чека да го запознае Скопје, своите нови соиграчи и да ја почувствува неверојатната атмосфера во СЦ “Јане Сандански”.

Сонот е исполнет ќе игра во Лигата на шампионите и тоа во дресот на актуелниот европски првак, па токму затоа на големо се подготвува.

Кога сме кај подготовките, тој постојано чита и собира информации за Скопје и Македонија, а од скоро почна да го учи и македонскиот јазик.
СПОРТМЕДИА го исконтактира, а тој како и претходно беше расположен за разговор.

“На самиот почеток сум. Вашиот јазик е многу поразличен од Францускиот, не се откажувам, ќе се обидам да го совладам,чекор по чекор”, ни рече вардаровиот чувар на мрежа.

Видео записите ветуваат дека Вардар 1961 ќе има одлично трио на голот,

Кантегрел полека ги освојува симпатиите на фановите, тоа му годи, цели дека е благодарен.

Во текот на нашиот разговор тој дури и се пошегува и тоа на македонски јазик, што пак беше изненадувачки и симпатично.

Вардар 1961 стартот на подготовките го закажа за 20 јули, а името на противниците во новата сезона во Лигата на шампионите ќе го дознае на први јули.