Фудбалерот на Реал (М), Хакими, кој игра како позајмен во Борусија Дортмунд од следната сезона и официјално ќе биде член на Интер. Мароканецот нема да се враќа во Шпанија, туку веднаш заминува за Италија каде ќе стане фудбалер на „нероаѕурите“.

Како што пишува весникот „Република“, Хакими е само едно од неколкуте нови засилувања кои Марота ги носи на „Џузепе Меаца“ ова лето. Првиот е Сандро Тонали, кој по пристигнувањето на Артур во Јувентус никогаш не бил поблизу до дресот на Интер.

Вториот е Армандо Ицо, искусниот стопер на Торино, додека третото засилување е најверојатно Ентони Мараијал, во кого Марота го гледа наследникот на Лаутаро Мартинез, кој најверојатно ќе се пресели во Барселона.