Тони Надал, чичкото и поранешен тренер на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, изјави дека неговиот внук може да пропушти еден од Грен слем турнирите во 2020 година – УС Опен или Ролан Гарос, поради премногу тешкиот распоред.

„Неодамна разговарав со Рафа, тој размислува на кои турнири да играме. Распоредот е многу тесен, особено за ветераните кои не можат да се натпреваруваат толку многу недели по ред. Мислам дека АТП направи малку лоша проценка. Оваа одлука е целосно против играчи како што се Рафа и Новак“, изјавил Тони Надал за ЕСПН.