Србија денеска и официјално го престави новиот селектор на машката ракометна репрезентација, Тони Џерона. Шпанецот кој седнива на жешкото столче на селекцијата на нашиот северен сосед, пред медиумите најави можно враќање во селекцијата на неколку легендарни имиња на српскиот ракомет.

„Разговарав со многу луѓе, не само со играчи. Со Ненад Перуничиќ, Дарко Станиќ, Дејан Периќ и многу други. Разговарав и со момците кои беа дел од националниот тим на претходното Европско првенство, но и со оние кои не беа на првенството. Основата на сè, кога влегувате во деловна активност, е да направите добра анализа, затоа ми требаат информации. Поради сегашната состојба, очигледно е дека не е можно да се организира собир. Вања Илиќ, која игра за мојот клуб Шартр, веќе еден месец е во тренинг процес, меѓутоа, играчите од Веспрем или Германија не се, а затоа постои преголем ризик. Веројатно ќе организираме заеднички видео состаноци, каде ќе започнеме да работиме и анализираме. Се уште зборуваме за луѓето во стручниот кадар. Вчера имавме долга средба, ставивме некои имиња на хартија. Ќе видиме“, изјавил Џерона.