Миралем Пјаниќ и Артур Мело ги завршија лекарските прегледи во Торино и сè поминало како што треба, известуваат италијанските медиуми.

Шпанецот и Босанецот денеска го посетиле Медицинскиот центар во Торино, каде заедно ги извршија лекарските прегледи. На истиот присуствуваа лекари од Барселона кои долетаа во Торино за да го следат прегледот на Пјаниќ.

Со ова веќе и официјално станува јасно дека ова лето ќе имаме една исклучителна размена на фудбалери меѓу Јуве и Барса. Јувентус ќе го испрати Пјаниќ на „Камп Ноу“ и ќе додаде 10 милиони евра за Артур кој Барса го вреднува 70 милиони евра.

Артур синоќа пристигна во Торино со приватен лет и беше снимен кога слета на аеродромот. По денешните лекарски прегледи, тој наводно побарал од Барселона да не игра во Лигата на шампионите во август, за да може порано да се приклучи на тренинзи на „Старата дама“. Каталонците го одбиле неговото барање.

Што се однесува до Пјаниќ, тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, изјави пред некој ден дека тој ќе остане со тимот до крајот на август, што значи дека ќе игра и во завршницата на ЛШ.