Напаѓачот на англискиот третолигаш Вајкомб, Адебајо Акинфенва, ќе мора да плати казна поради тоа што на тренинг на својот тим во петокот се појавил во дрес на Ливерпул.

Акинфенва, кој не крие дека е голем фан на Ливерпул, вели дека тоа морал да го направи за да го одбележи успехот на „црвените“ по освојувањето на титулата.

38-годишниот фудбалер објави видео на својот Инстаграм профил во кое го носи дресот на Ливерпул, а неговите соиграчи се смеат околу него. Напаѓачот вели дека нема никаков проблем да плати казна за шегата. Акинфенва и неговите соиграчи од Вајкомб се подготвуваат за плеј-оф средбите во Лига 1 кои можат да им обезбедат место во Чемпионшип лигата следната сезона.

 

View this post on Instagram

 

Only time I’ve been happy to pay a club fine!! 😂😂😂😂😂 @liverpoolfc Champions ❤️❤️❤️ #YNWA #BeastMode

A post shared by Adebayo Akinfenwa (@realakinfenwa) on