Македонскиот атлетичар Јован Стојоски со два медали се враќа од атлетскиот митинг во Сараево. Најдобриот македонски спринтер кој учествуваше на СП во Доха 2019 година освои бронзен медал на 100 метри и сребро на 200 метри.

Инаку овој митинг по 5. пат се одржува во Сараево и тоа во Центарот за едукација, спорт и рекреација „Сафет Зајко“. На митингот учестуваа многу спортисти од Балканот.