Напаѓачот на Штутгарт Марио Гомез објави крај на фудбалската кариера. Иако „Швабите“ денеска и официјално се нови бундеслигаши, Гомез одлучи дека ова е прекрасен момент за збогување.

На почетокот на сезоната бев уверен дека Штутгарт ќе игра во Бундес лигата. Тоа беше и моја цел, а сега кога се исполни време е да се повлечам“, изјави Гомез кој се откажува на 34-години.

Германскиот напаѓач играше за Баерн Минхен со кого три пати беше шампион на Германија и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите. За Штутгарт одигра 110 натпреаври, а во меѓувреме играше за Фиорентина, Бешикташ и Волфзбург.

Тој беше во составот на Германија кој ја освои светската титула во 2010 година.