Дали Енис Барди ќе стане најскапиот фудбалер во нашата историја, се разбира по висина на еден трансфер? Имено денеска нови информации од Англија и Шпанија за можноста тој да направи трансфер во Арсенал, во гигантот од Лондон.

Како што се шпекулира, Микел Артета, односно “топџиите“ на Леванте му понудиле 20 милиони евра за Македонецот, иако откупната клаузула која шпанскиот тим за Барди ја има е дури 50 милиони. Се коментира дека Леванте би се задоволил и со двојно помалку, односно со 25 милиони евра, што е за пет повеќе од тоа што клубот од „Емирејтс“ го нуди.

Останува да се види што и како ќе одлучат првите луѓе на Леванте, важно е што првата понуда од Арсенал ја имаат на маса.