Артур Мело е нов играч на Јувентус. Тој вчера потпиша договор со тимот од Торино, а веќе денеска се врати на тренинзите на Барселона. Трансферот ќе биде реализиран во текот на идната сезона, а Пјаниќ заминува во шпанскиот тим.

Артур денеска ги собра своите сегашни соиграчи и им ја објасни целата ситуација, односно причината зошто заминува во Торино.

Исто така им даде ветување дека ќе се бори до крај за Барса да ја освои титулата во Шпанија, како и титулата во ЛШ.