Само два дена откако го продолжи договорот со кипарски АЕЛ, Давор Здраковски, сепак, би можел да го напушти Кипар и да се пресели во Турција.

Гезтепе го посакува во своите редови, но сега турскиот тим ќе треба да плати поголемо обесштетување со оглед на новиот договор.

Турскиот тим малку задоцни, но според најавите од Кипар, АЕЛ би се согласил да го пушти македонскиот фудбалер, ако за него стигне поволна понуда.

Здравковски имаше зад себе добра сезона во Кипар. Пред два дена стави потпис на новиот договор, а можеби тоа беше направено и „тактички“ за да извлечат поголемо обесштетување од страна на заинтересираните клубови.