По само една сезона мината во Струга Трим Лум искусниот офанзивец се врати во Ренова, каде што ќе биде големо засилување на тимот на тренерот Бујар Ислами во натпреварите во квалификациите за Лига Европа како и за следната сезона во ПМФЛ.

Рамадани играше за Ренова од 2013 до јануари 2018 година, а освен за „гипсарите“ играше и за албанскиот Партизани, потоа Кораби од Дебар и Шкендија.