Александар Зверев, светскиот тенисер број 7, продолжи да се забавува и после „Адрија Тур“ каде што имаше неколку заразени со Ковид-19, а самиот тој истакна дека ќе оди во самоизолација. Но, не издржа ниту седум дена.

Така Зверев е забележан во еден локал во Германија каде што се гледа како се дружи со неколку лица.

Сето ова се случува после посетата на Србија и на Хрватска, а после „Адрија Тур“, Зверев изјави:

„Длабоко се извинувам на сите кои ги доведов во опасност. Ќе продолжам да ги следам инструкциите и да се придржувам на самоизолацијата“, рече тогаш Зверев, но очигледно го погази кажаното.