Албанскиот интернационалец Клисман Цаке останува во редовите на Струга Трим Лум откако стави потпис на нов двегодишен договор. Централниот бек дојде во струшкиот прволигаш во август минатата година, а очигледно оставил добар впечаток кај раководството и тренерот.

Цаке има 21 година, а пред да дојде во Македонија играл за Тирана.