По ремито во Виго, се чини дека во Барселона и дефинитивно владее хаос, или тотален распад. Една слика, а илјада зборови некој кажал. Па така и сега.

Погледнете ја фотографијата по мечот со Селта, погледнете го видеото како Меси едноставно не го “рецка“ помошниот тренер на Барса Едер Сарабија.

Едер тргна да му објаснува нешто на Аргентинецот, а овој не се ни заврте, а камо ли да го слушне. Вакви сцени има во клубови каде владее тотален распад, и каде шефот, а тоа е Кике Сетијен, едноставно нема контрола врз своите играчи, нема контрола врз ништо.

Таков гигант како Барселона на што спадна…