Екипата на Кожув донесе ново хрватско засилување. Станува збор за хрватскиот центар Антун Маричевиќ, кој по колеџ-кариерата во САД се враќа во Европа и се сели во нашето првенство.

23-годишниот кошаркар од Нова Градишка се договорил со Кожув за следната сезона, но договорот е се уште отворен, затоа што двете страни се согласиле дека доколку до 20 август Маричевиќ најде друг, подобар ангажман, може да си замине.

Маричевиќ е екс-кошаркар на Цибона.