Како што дознава СПОРТМЕДИА, Лука Трајкоски е пред трансфер во еден од клубовите во српската фудбалска елитна лига. Имено еден од најголемите таленти од фудбалски Прилеп во последно време, има шанси да потпише за Јавор Ивањица, тим кој што во последната сезона во Супер лигата на Србија заврши на 14. место. Нашите информации говорат дека контактите, па и преговорите се во тек, и би требало во текот на наредните неколку денови да се знае дали ќе се оствари овој трансфер.

Кога сме кај Трајкоски, да споменеме дека дека тој е дете на прилепска Победа, потоа играше во Македонија ЃП, а беше член на кавадаречки Тиквеш. Има само 20 години и најдобро се снаоѓа во офанзивниот дел на средниот ред.