Манчестер Сити и Баерн (М) и натаму продолжуваат со преговори за трансферот на германскиот репрезентативец Лерој Сане, но до договор се уште не успеале да стигнат.

Според дел од бриталнските весници, Манчестер Сити сега поставил нов услов за да му дозволи на Сане трансфер во Минхен. Имено, „граѓаните“ бараат во дел од договорот за Сане да влезе австрискиот бек од екипата на Баерн (М), Давид Алаба.

Сепак, германците изрично соопштиле дека се против ваков потег. И покрај фактот дека австрискиот фудбалери има договор кој истекува следното лето, клубот го смета дека тој е клучен играч и претпочита да го пушти дури и бесплатно после една година, но да го задржи за следната сезона.