Најк официјално ја претстави топката со кој следната сезона ќе се играат натпреварите во Премиерлигата, Серија А и неколку други национални првенства.

Името на новиот производ на Најк го носи името „Nike Flight“, а неговиот дизајн е иновативен. Целта е да се подобри движењето на топката во воздухот, особено при изведување директен удар. Компанијата проценува дека летот ќе биде 30% подобар од претходно. Тоа е резултат на 8 години истражување, а за да се дојде до финалната верзија, повеќе од 800 професионални спортисти учествуваа на теренски тестови. Промените во формата на новиот модел во однос на вообичаената топка се 68.