Прва победа во првиот натпревар по корона паузата за Лина Ѓорческа. Денеска нашата најдобра тенисерка, во рамките на првото коло на Источноевропскиот шампионат кој се одржува во Белград, успеа со 2:0 во сетови или 6:1 и 6:0 во гемови, да слави над Маријана Дражиќ. Одлична партија на Лина, која просто си поигруваше со својата соперничка. Инаку овој турнир се игра во организација на Академијата на Јанко Типсаревиќ.