Поради пандемијата од Ковид-19, оваа сезона Формула 1 би можела да се вози на патеки кои што не се првобитно најавени во календарот.

Според пишувањата на неколку медиуми, најбрзиот циркус би можел да се одржи на патеките на Мугело во Италија и на Алгарве во Португалија.

Планот на организаторите е годинашниот циклус на Ф1 да почне во Белгија на 30. август, а потоа во Монца и Мугело.

Потоа би следувале трките во Сочи, Алгарве и потоа во Канада во Монтреал.

До сега Алгарве никогаш не се возела Ф1 трка. Стазата била користена само за тестирања пред 11 години.