Реал Мадрид по синоќешната победа над Еспањол од 1:0, со голот на Каземиро, сега сам е на врвот на табелата во Ла Лига. Сега има два бода предност пред Барса. “Кралевите“ и синоќа не блескаа, но барем победуваат, а тоа се бара за освојување на титулата.

Сепак покрај одличната партија на Каземиро, фановите на Реал ја коментираат и фотографијата од моментот кога Зидан реши заедно од игра да ги извади Иско и Азар. Убаво се забележува дека и двајцата се дебелковци, очигледно е дека тешко ги “спуштаат“ килограмите добиени од карантинскиот живот во време на корона кризата.