Иако не беше никаква тајна, сепак, Јувентус денеска и официјално го потврди трансферот на Бразилецот Артур Мело од Барселона. Како што објавија и италијанските и шпанските весници, Артур се сели во Торино во договор вреден 72 милиони евра кои Јувентус веднаш ќе ги плати за него во касата на Каталонците, како и дополнителни 10 милиони кои ќе бидат исплатени како бонуси.

Бразилецот веќе и официјално потпиша за Јувентус, така што трансферот воопшто не е спорен. Сега останува официјализацијата од другата страна, бидејќи Барселона треба наскоро да го престави Миралем Пјаниќ.