На што спадна Себастијан Фетел, некогашниот четирикратен светски шампион во Формула 1? Имено како што пишуваат медиумите во Европа, тој би требало да се приклучи на тимот на Рејсинг Поинт, кој од следната сезона ќе се вика Астон Мартин. Таму вози Ленс Штрол, син на газдата на тимот Лоренс Штрол, инаку милијардер од Канада. Тоа значи дека треба да менува Ленс кој ќе оди во Мерцедес, барем такви се најавите.

Инаку откако Фетел јавно објави дека по крајот од сезоната тој ќе си замине од Ферари, речиси секојдневно се шпекулира со името на неговиот нов тим, еден од нив е и Рејсинг Поинт, или по ново Астон Мартин.