Ашраф Хакими се очекува утре да пристигне во Милано и да ги помине задолжителните лекарски прегледи пред да го комплетира трансферот од 40 милиони евра плус бонуси, од Реал Мадрид во Интер.

Според „Скај Спорт Италија“, конечните детали биле разработени на денешниот конференциски повик меѓу клубовите и преставникот на фудбалерот.

Хакими утре ќе долета во Милано, ќе помине низ разни медицински тестови, а потоа ќе го потпише петгодишниот договор вреден 5 милиони евра по сезона.

Директорот на Интер, Бепе Марота потврди дека е „оптимист“ за договорот и денеска истиот практично бил финализиран. Инаку, последните две сезони Хакими ги помина на позајмица во Борусија Дортмунд.