Ералдо Чинари (23), е едно од големите засилувања кои Шкендија планира да ги ангажира во овој летен преоден рок. Дознаваме дека тој бил голема желба на Илир Даја, тренерот кој треба да седне на клупата на тетовските “црвено – црни“.

Инаиу Чинари е моментално фудбалер на Партизани Тирана, има уште една година од договорот, а имал понуди и од неколку клубови во Турција. Интересно е тоа што Чинари во 2018 година од Влазнија направил трансфер во Алавес, потоа бил позајмен во Истра, за да следи одново играње во Првата лига на Албанија, во тимот на Партизани Тирана.

Нашите информации велат дека Шкендија имала интензивни разговори со Чинари, и дека речиси се да е готово.  Албанскиот интернационалец игра во офанзивниот дел од средниот ред, и треба да биде замена ако Алими си замине. Ако пак остане, тогаш тетовци со Алими, Тотре, Зејнулаиу, Ахмеди, Чинари и останатите ќе има силен среден ред.