Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини ги продолжија договорите до јуни 2021 година. Нивните договори со италијанскиот шампион истекуваа на 30 јуни, а клубот од Торино потврди дека тие ќе останат уште најмалку една сезона.

Капитенот Кјелини ќе наполни 36 години во август, а претходно изјави дека би сакал да игра барем уште една година. Тој од 2005 година, кога е во првиот тим на Јувентус, одигра 509 натпревари.

Буфон кој има 669 настапи за Јувентус од доаѓањето од Парма во 2001 година исто така реши да игра уште една сезона и да му помогне на клубот